Водата со хлорофил го освои интернетот: Дали е навистина толку здрава како што се тврди?

Точка

11/06/2021

18:53

5.920

Големина на фонт

а а а

Уште од 2016 година, во водата со хлорофил се колнат бројни познати личности. Но, дали и колку е таа навистина чудотворна?

Водата со хлорофил во велнес круговите стана популарна во 2016 година, кога бројни славни личности започнаа да ја препорачуваат поради нејзините наводни бенефити за убавината и здравјето.

Благодарение на ТикТок, таа сега повторно се здоби со популарност. Некои кои ја пробале тврдат дека ваквата вода помага во отстранување на акни и воспаленија на кожата, намалување на непријатните телесни мириси како и подобрување на варењето. Но, дали оваа вода е навистина толку моќен сојузник на здравјето?

Вода со хлорофил – колку е здрава?

Прво и најважно што треба да се напомене е дека сè уште не постојат доволно научни истражувања кои би можеле да ги потврдат горенаведените тврдења.


За да ја објасниме делотворноста на хлорофилот, потребно е да се позанимаваме со хлорофилинот. Станува збор за полусинтетичка форма на хлорофил која се наоѓа во течниот хлорофил. Тој е различен од оној кој се наоѓа во растенијата, предупредуваат научниците. Станува збор за форма на хлорофил која може да се раствори во вода.

На ТикТок, на пример, не се споменува дека консумирањето на вода со хлорофил може да предизвика дијареа или столица со зелена боја, а кај некои луѓе се јавиле и грчеви во стомакот.

Кој треба да внимава?

Како што споменавме претходно, оваа тема сè уште не е добро истражена и научниците не знаат каков точно ефект има овој напиток по здравјето. Затоа не постојат податоци за тоа колку е препорачлива ваквата вода за трудниците и доилките ниту дали може истата да се комбинира со одредени лекови.


Но, не сакаме да звучиме ни потполно негативно бидејќи постојат истражувања кои покажале дека водата со хлорофил може да го подобри изгледот на кожата, но кај лица кои консумирале 300 милилитри, 3 месеци, не повеќе.

Нутриционистката Стеф Грасо предупредува дека водата со хлорофил никако не може да го замени лиснатиот зелен зеленчук, а тоа треба да го имате предвид ако одлучите да го испробате овој тренд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг