Рецепт за ароматични млади компири со сланина: Неодоливи, крцкави и вкусни

Точка

11/06/2021

18:19

9.594

Големина на фонт

а а а

Пржен, варен, печен, како прилог или салата – младите компири се подеднакво вкусни како и да ги подготвите.

Уште малку и доаѓа крајот на нивната сезона, затоа искористете го времето да го пробате овој неодолив рецепт.

Младите компири не е потребно да ги лупите, но доколку сакате тоа можете да го направите со помош на грубата страна на сунѓерот или жица за истата намена.

Ова е рецепт за крцкави, а во истовреме и меки млади компири на кои никој нема да може да им одолее.

Потребни состојки:

- 500 гр. млади компири
- 3 лажички маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка мајчина душица
- еден врзоп магдонос
- 150 гр. сланина
- 200 гр. кашкавал
- сол, бибер и зачини по вкус


Начин на подготовка:

Во големо тенџере ставете ги измиените млади компири, прелијте ги со вода и ставете ги на оган да се варат. Кога водата ќе зоврие, додајте една лажичка сол и варете ги околу 20 минути.

Тавата за печење обложете ја со хартија и премачкајте ја со една лажичка масло за јадење. Компирот распоредете го по тавата и со дното од чаша нежно притиснете го секој компир посебно, но внимавајте тие да останат цели.

Компирите премачкајте ги со масло и печете ги на 230 Целзиусови степени околу 25 минути. Исечкајте ги ситно сланината, лукот, мајчината душица и магдоносот. Сите состојки освен сланината помешајте ги со малку масло за јадење. По 10 минути, извадете го компирот од рерна, премачкајте го со состојките и вратете го дополнително да се допече.

Изрендајте го кашкавалот и додајте го врз компирите, а потоа додајте ја и ситно исечканата сланина. Вратете ги уште 3 минути во рерна, а кога ќе се испечат, наросете со малку ситно сечкан магнодос и посолете по вкус.

Младите компири послужете ги топли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг