До недела продолжува променливо облачно и нестабилно време, со дожд и грмежи

Макфакс

10/06/2021

19:24

781

Големина на фонт

а а а

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Температурата во следните денови нема значително да се менува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг