„Титовиот остров“: Покрај прекрасните плажи има и бункери – за секој случај, а на туристите им го препорача и „CNN“

Точка

10/06/2021

19:25

11.705

Големина на фонт

а а а

Посетителите од целиот свет кои сакаат да дознаат малку повеќе за минатото на овој остров, ги истражуваат топовите, бункерите и напуштените скривалишта.

Крајбрежјето, убавите плажи и чистото тиркизно море се причините поради кои „CNN“ пред неколку години го препорача островот Вис како туристичко место кое треба да се посети.

Освен природната убавина, овој остров на туристите им нуди и прекрасна историја, односно сведочења за минатото.


До Титовата пештера водат уредени камени скали. Влезовите делумно се соѕидани и за разгледување неопходно е вештачко светло.

Една од главните карактеристики на овие пештери е воениот објект кој е поставен токму таму, па претставува вистинска туристичка атракција за многу од посетителите, но исто така и историчарите.

Пештерата која првобитно се сметала за пештера на духови, подоцна била наречена по Јосип Броз Тито кој во 1944 година престојувал на тој остров и решавал важни политички прашања.


Тука може да пешачите и низ тунелите за да дојдете до ископнините ширум островот кои сведочат за постоење на бази на југословенската војска.

Исто така островот нуди и 30 различни воени објекти, вклучувајќи и една од најпосетените – ракетната база.

„Беше тоа огромна база за ракети со импресивен комплекс од тунели и бункери кои биле подготвени во случај на инвазија“, пренесуваат медиумите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг