Модерен, впечатлив и се носи од утро до мрак: Дамата со совршен стил прошетала во најубавиот летен фустан за секоја прилика

Точка

10/06/2021

12:05

2.944

Големина на фонт

а а а

Кралицата Летиција е позната по непогрешливиот вкус и совршениот стил во сите прилики - од оние лежерните до формалните на црвениот тепих.

Баш никогаш не сме ја виделе лошо или здодевно облечена, а одлично ѝ оди од рака дури и најобичните комбинации да ги претвори во елегантни и впечатливи.

Станува збор за нејзина вродена отменост, но и фактот дека сè што ќе облече ѝ прилега одлично благодарение на витката фигура. Затоа не е ни чудно што повторно била во центарот на вниманието, овојпат на отворањето на една изложба во Мадрид.


И овојпат убавата Шпанка ја оправдала титулата на една од најдобро облечените жени на светот, а се појавила во едноставно, но ефектно издание, совршено за топлите летни денови.

Кралицата носела супер модерна кошула-фустан во розова боја со потпис на брендот „Boss“, а истата ја искомбинирала со високи потпетици од крокодилска кожа во истата нијанса.


Овој прекрасен летен фустан со карнери има и тенок ремен кој се врзува околу струкот и со тоа ѝ дава доза на сензуалност и женственост на фигурата. Ваквиот модел им прилега на сите жени, а може да биде одличен избор и за свечени прилики.

Искомбиниран со патики, рамни сандали или папучи е супер решение и за секој ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг