Видео: 3 милиони корисници се згрозени од нејзината спална соба!

Точка

07/06/2021

18:50

5.378

Големина на фонт

а а а

Една ТикТок корисничка ги шокирала своите следбеници кога ја снимила својата спална соба.

Имено, во собата истоварила 140 килограми песок, наместо тепих, а нејзиното видео го прегледале 3 милиони корисници, од кои најголем дел се згрозени од оваа идеја.

„Еве, пристигнаа првите 140 килограми. Мислам дека ќе додадам уште толку“, ѝ вели таа на публиката.

Целосно шокираните луѓе ја прашале од каде ѝ е воопшто идејата и како може да поднесе цела соба, кревет и сè останато постојано да ѝ биде валкано од песокот, а еве како одговара таа.


„Овој песок кој го набавив е многу подобар од обичниот песок. Постојано ме нервираше тоа што на подот имаше влакна и прашина и ситно ѓубре кое влегуваше во чевлите. Сега повеќе ги немам тие проблеми, а покрај тоа, постојано се чувствувам како да сум на плажа“, ги уверувала таа, додека луѓето и понатаму ја осудувале.

„Ова е навистина вознемирувачки. Навистина не знам што да кажам. Толку многу ќе зажалиш за ова“, „Сестро, мора да сфатиш дека не треба секоја твоја идеја да ја спроведеш во дело“, „Ова е мојата најголема ноќна мора. Јас не можам да верувам дека некој го направил ова“, биле шокирани гледачите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг