Кога станува збор за модата, Кејт Мидлтон ништо не препушта на случајот - секој нејзин стајлинг е внимателно одбран и осмислен.
Иако секогаш се држи до класичните комбинации, Кејт неретко ги одбележува посебните прилики со интересен избор на облека. Неодамна во Единбург, за дружење со девојчето Мила Снедон чија омилена боја е розова, војвотката од Кембриџ носела фустан токму во таа нежна нијанса.
Долгиот розов фустан одлично ѝ прилегал, а по бројните сини и зелени комбинации е вистинско освежување да се види Мидлтон во оваа боја.
Украсен со ситни набори и копчиња по целата должина, Кејт го надополнила фустанот со розов ремен, а целата комбинација ја заокружила со нежно розови класични салонки на брендот „Emmy London“, маска со цветен дезен со потпис на „Amaia Kids“ и обетки „Missoma“.
По состанокот со девојчето, Кејт им се вратила на сините модни комбинации и повторно воодушевила со капут фустан со кој носела сини салонки со висока потпетица и тегет чанта.
Која модна комбинацијата на прекрасната Кејт повеќе ви се допаѓа?