Радев: Нема потреба од посредници меѓу Скопје и Софија

Макфакс

27/05/2021

15:47

1.345

Големина на фонт

а а а

Не ни требаат посредници. Никој не ја знае нашата историја подобро од нас, ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во посета на Италија, а по повод предлогот на европските историчари да се приклучат во работата на Мешовитата историска комисија околу решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

„Ова му го кажав многу пати на претседателот Пендаровски. Тоа зависи од нас – од искрен и конструктивен дијалог со Софија, заснован на историски аргументи“, истакна Радев.

„Комисијата ќе работи за историјата, а најважно за нас е да ги преземеме потребните чекори на високо политичко ниво. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и оттаму за да се изврши притисок врз Бугарија – во никаков случај. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш сите проблеми ќе бидат решени. Ние мора да бараме одржливо решение“, изјави Радев пред новинарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг