Зоран Заев за "Фокус": Градиме пријателства, почитувани сме, очекуваме Европа да го испорача заслуженото

Точка

27/05/2021

11:22

2.674

Големина на фонт

а а а

Во интервју за неделникот "Фокус", македонскиот премиер Зоран Заев зборуваше за актуелните проблеми во државата, како и за спорот со Бугарија.

"Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка", ја прокоментира Заев изјавата на бугарскиот претседател Румен радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и националните интереси.

Заев додал дека "ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија и точно се однесува на државата без територијални претензии кон соседите".


Заев оценил дека бугарскиот претседател Радев е европски лидер кој може да направи позитивен исчекор и ќе даде шанса пријателството меѓу двете земји да се развива, и нема да остави трага меѓу двата народи.

Заев изразил задоволство од поднесените креативни форми на предлози на португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји, но и надеж дека Европската Унија ќе го испорача тоа што се очекува.

"Важно е дека ќе го добиеме она што очекуваме како минимум, а тоа е, да се води грижа за чист македонски јазик и за македонскиот идентитет", рекол премиерот и повторил дека европските лидери и членки на ЕУ потврдија дека аргументите се на наша страна и со оглед на условите во Бугарија која има техничка влада, се очекува во наредниот период, по седницата Министерскиот совет – ГАК, да почнеме со Првата меѓувладина конференција.


За предлогот на опозицијата да се напушти договорот и да се направи нов со повеќе меѓународни гаранции, Заев вели дека е несериозно да се откаже договор кој веќе почнал да се реализира. Повторил дека идентитетот и јазикот се познати црвени линии, кои ниту Владата, ниту ЕУ не можат да ги менуваат.

"Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите. Денеска државата е почитувана повеќе од било кога", заклучил Заев во интервјуто за "Фокус".



Спонзорирани линкови

Маркетинг