(Видео) Зоран Заев: „Подмладен значи подобар СДСМ, почнуваме ново 4-годишно поглавје“

Точка

16/05/2021

20:54

4.372

Големина на фонт

а а а

На прес-конференцијата која лидерот на СДСМ Зоран Заев ја одржа по конгресот на партијата, тој изјави дека „подмладен значи подобар СДСМ“.

„Добивме нова свежина, но и полет, кои заедно со искуството ќе придонесат за подобро функционирање на државата“, рече лидерот на партијата Заев. 

„Почнуваме ново четиригодишно поглавје со зацртани нови цели“, додаде тој, споменувајќи ја и вакцинацијата, редот и неселективна правда, развој на економијата и слично, најавувајќи изградба на 260 километри автопатишта и реконструкција на 1.500 километри од постојната инфраструктура.

Зоран Заев објасни и на кој начин биле избрани новите кадри во партијата.

За кадрите коишто влегоа во новото раководство на партијата, претседателот на СДСМ вели дека биле предлози коишто дошле од базата, а се ценела и нивната стручност.

Заев посочи и дека ликовите коишто се избрани за такви функции во партијата веќе го потврдиле нивниот статус кај граѓаните, а исто така можат и да придонесат во органите на самата партија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг