Новите потпретседатели на СДСМ – Битиќи, Филипче... Избрани и новиот Надзорен и Централен одбор на партијата

Точка

16/05/2021

20:53

4.826

Големина на фонт

а а а

По денешниот одржан Конгрес на партијата СДСМ, „за“ предложената листа од 120 членови на новиот состав на Централниот одбор гласале 668 делегати, а шест биле против.

Избран е и новиот состав на Надзорниот одбор, составен од 9 члена, пренесува „мкд.мк“.

Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата, додека пак на местото на Коста Петров и Мухамед Зекири ќе седнат новите потпретседатели на партијата, Венко Филипче и Фатмир Битиќи, а на оваа функција и понатаму остануваат Мила Царовска и Оливер Спасовски.

ЦО го почнува и новиот мандат со 120 члена од листата која пред конгресот ја предложија лидерот Зоран Заев и досегашното партиско раководство, согласно номинациите.

Со промена на Статутот, оставена е и можноста ЦО да биде проширен со уште 10 члена.

Делегатите на конгресот на СДСМ ја избраа Сања Лукаревска за нова заменик претседателка на партијата, додека пак Мартин Попов е новиот организациски секретар на СДСМ - на местото на Душко Весковски.

Меѓу имињата во ЦО се и д-р Ана Данева Марков, Нина Фити, Јована Тренчевска, Димитар Ковачевски, познатата ракометарка Андријана Будимир, д-р Милена Стевановиќ...

Од членовите на Владата пак, во ЦО влегоа Фатмир Битиќи, Венко Филипче, Мила Царовска, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Димитар Ковачевски.

Повеќе прочитајте на МКД.мк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг