Сања Лукаревска избрана за заменик претседателка на СДСМ по повлекувањето на Шекеринска

Точка

16/05/2021

16:37

5.411

Големина на фонт

а а а

Втората заменик-претседателка на политичката партија СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26-ти конгрес на партијата е Сања Лукаревска.

Лукаревска била избрана за оваа функција со 682 гласа „за“ и 2 гласа „против“, а тоа воедно беше и предлог на лидерот на партијата Зоран Заев.

По повлекување на Радмила Шекеринска токму Зоран Заев ја избра Лукаревска да биде негова заменичка, додека Шекеринска беше на таа функција два мандати.

Лукаревска ја презема функцијата како член на досегашниот состав на Извршниот одбор на СДСМ и како директорка на Управа за јавни приходи каде што ова ѝ е втор мандат, пренесува „360степени“.

Лукаревска е роденa во 1982 година во Скопје. Има дипломирано на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а речиси целата професионална кариера и е во Управата за јавни приходи, како помлад инспектор во Регионална дирекција Скопје, извесен период работи во Министерството за финансии, а потоа се враќа во УЈП како асистент за извршување во Одделението за наплата на долгови во Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Во 2017 година е именувана од Владата за вршител на должност директор на Управата за јавни приходи, а во 2018 и официјално како директор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг