Нови ракетирања од Газа, во одмазничките удари на Израел загинаа 33 Палестинци

Нетпрес

16/05/2021

16:22

2.333

Големина на фонт

а а а

Израелската војска во воздушните удари убила 33 Палестинци, вклучително и 13 деца, во палестинската енклава Појасот Газа во неделата, тврдат палестински извори, доека ракети во седми дена продолжува ракетирање врз територијата на Израел.

Од почетокто на судирите во понеделникот во Газа за пријавени загинувањата на 181 лица, меѓу кои се 52 деца. Израел објави дека загинале 10 негови граѓани, вклучително и две деца.

Советот за безбедност при ОН ќе се состане подоцна во неделата и ќе расрава за најжестоките палестинско-израелски судири по отворениот воен конфликт во 2014 година.

Генералниот секретар ОН, Антонио Гутереш, ги потсети двете страни дека „секое неселективно гаѓање на цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право и мора да се избегнува по секоја цена“, се наведува во соопштението на портпаролот на светската организација.

Израелската авијација во саботата урна повеќекатници во Газа, во кој беа сместени дописништвата на новинските агенции Associated Press и France Press, како и на телевизијата Al Jazeera. Израелската војска тврди дека станува збор за легитимна цел, во кој бил сместено разузнавањето на Хамас, како и дека однапред биле предупредени цивилите за навреме може да се евакуираат.

Од Associated Press го осудија нападот и побараа Израел да покаже доказ за присуството на Хамас во зградата. „Немавме индиции дека Хамас е во зградата или дека е активен во зградата“, се наведува во соопштението на AP.

Во неделата и Израел и Хамас, исламистичкото движење кое е на власт во Појасот Газа истакнуваат дека борбите продолжуваат.

Хамас одговори со истрелување на 120 ракети изминатата ноќ по двочасовниот прекин на ракетирањето на Тел Авив. Израелската војска објави дека од почетокот на судирот врз истраелската територија биле истрелани 2.900 ракети, од кои 1.1500 биле преретната, а 450 паднале во самата Газа.

Израелците масовно во неделата утрото се упатија кон засолнипштата, откако се огласија сирените за тревога од воздушен напад врз Тел Авив и јужниот град Беершеба. Околу десет луѓе се повредени додека се обидувале да се засолнат, наведуваат здравствените власти.

Израелската војска тврди дека рано утрото во неделата го погодила домот на Јахија ал-Синвар во јужниот дел од градот Газа, Кан Јунис. Синвар, кој е ослободен од израелски затвор во 2011 година, е челник на политичкото и военото крило на Хамас во Газа.

Напори за постигнување мир

Безбедносниот кабинет на израелската влада подоцна во неделата ќе одржи состанок. Премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно во саботата, во телевизиско обраќање, рече дека Израел „сѐ уште се наоѓа среде операција, која сѐ уште не е готова и ќе трае додека е потребно“.

Американскиот претседател Џо Бајден го испрати својот специјален претставник Хади Амр во Израел во петокот на преговори. Бајден во саботата ноќта телефонски разговараше и со Нетанјаху у со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, изразувајќи загриженост и изразувајќи поддршка за Израел во борбата со Хамас од кој бара запирање на ракетните напади.

Меѓутоа, секаква медијација е комплицирана од фактот што САД и повеќето западни земји не преговараат со Хамас, кого го ставија на своите листи на забранети и терористички организации.

Во Израел, пак, дополнително смирувањето на тензиите ги компликуваат уличните судири меѓу Евреите и Арапите. Исто така, расте бројот на другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска војна во Шестдневната војна од 1967 година. Најмалку 12 Палестинци биле убиени од израелските единици во енклавата од петокот, најмногу во текот на судирите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг