Поради неопходна медицинска помош на луѓето, Египет порано го отвора граничниот премин со Газа

Макфакс

16/05/2021

15:11

1.428

Големина на фонт

а а а

Египет денеска го отвори граничниот премин со Газа, еден ден порано од планираното, со цел да се овозможи минување на студенти, луѓе на кои им е потребна медицинска помош и за други хумани случаи, пренесува Ројтерс.

Граничниот премин Рафа беше затворен за празникот Курбан Бајрам и требаше повторно да се отвори во понеделник.

Во израелските воздушни напади во Газа денеска се убиени 33 Палестинци, од кои 13 деца, соопштија здравствените власти во Газа.

Со нападите се зголеми и бројот на жртвите во Газа на 181, вклучувајќи 52 деца, се додава во извештајот. Израел пријавил 10 мртви, вклучително и две деца, пренесува Ројтерс.

Досега, Египет испрати 16 амбуланти возила во Газа за да ги соберат жртвите од израелското бомбардирање и да им укажат лекарска помош во египетските болници.

Како што се додава, автобус со 95 лица пристигнал утрово од Газа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг