Бочварски за легализација на дивоградбите, 2015 година: Власта на Груевски гледа да приграби сè што може, 2021 година: Направивме силна реформа со законот за урбанистичко планирање

Точка

16/05/2021

11:46

3.221

Големина на фонт

а а а

Министерот за транспорт, Благој Бочварски, синоќа на својот Фејсбук профил образложи зошто е „за“ законот за легализација на дивоградбите чијшто указ не го потпиша претседателот на државава, Стево Пендаровски.

Да ве потсетиме, пред шест години како опозиционер и претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Бочварски за сличен ваков законски проект на тогаш владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ изјави дека „на крајот од мандатот, власта на Груевски гледа да приграби сè што може“, пренесува „360степени“.

Изјавата на Бочварски на прес-конференција во август 2015 година:

„Само за неколку дена, власта на Груевски направи измени по скратена постапка на над 250 закони, меѓу кои и на Законот за постапување со бесправно изградените објекти. Само вчера беа направени измени на 120 закони по скратена постапка и сега е јасно зошто. Да се присвои се што може пред враќањето на опозицијата во Собранието, која вакво насилие врз грбот на граѓаните нема да дозволи. Ова ќе предизвика големи штети врз природните богатства, но ќе се создаде и урбанистички хаос од кој за интересите на поединци ќе страдаат голем број граѓани“.

Погледнете ја изјавата на Бочварски од 2015 година во врска со дивоградбите: 

Вчера Бочварски на својот Фејсбук профил напша:

„Деновиве внимателно ги слушам коментарите во однос на законот за бесправно изградени објекти и целосно ги разбирам коментарите во јавноста кои се дијаметрално спротивни со поддршка за законот и против носење на вакво законско решение.

Да бидеме на чисто никој во државата ниту јас, ниту било кој друг, би се согласил со носење на закон за бесправно изградени објекти доколку такви објекти не постојат или доколку тие се во занемарливо мал број. Но, денес сеуште постојат преку 50 илјади бесправно изградени објекти, објекти кои се реалност. Тоа во најголем дел се објекти на наши сограѓани кои успеале да изградат кров над глава, за себе и своето семејство.

Сметам дека направивме силна реформа со законот за урбанистичко планирање, а започнавме со изработка на нов закон за градење. Со ова отворивме можност за транспарентни постапки со вклученост на сите. Реформите се бавни процеси, но резултатите и ефектите веќе ги чувствуваат граѓаните.

Деновиве внимателно ги слушам коментарите во однос на законот за бесправно изградени објекти и целосно ги разбирам...

Posted by Blagoj Bochvarski on Saturday, May 15, 2021

Како Влада започнавме со процес на јакнење на инспекциските служби кои во изминатите 30 години беа ставени на маргините на општеството. И ова е една од најсилните алатки за борба против бесправното градење.

Прашањето кое е исправено пред нас е дали овие "50 илјади проблеми" ќе ги ставиме под тепих или ќе бараме решенија?

Би сакал да ги потенцирам неколкуте значајни разлики помеѓу претходниот закон за бесправно изградени објекти кој многу често беше критикуван од наша страна и сегашното предлог законско решение:

1. Не се согласувам со членот во претходниот закон за бесправно изградени објекти каде што сумата на плаќање на надоместокот беше 1 евро за метар квадратен. Со тоа беа казнети оние кои редовно граделе и платиле 100 евра комунален надоместок (во зависност од општината во која се наоѓа објектот).

Со новиот закон за бесправно изградени објекти за ставање во правна рамка на одреден објект граѓаните треба да платат (100 евра плус 50% казнени пенали или 150 евра за метар квадратен). Со ова правиме притисок и ги одвраќаме граѓаните од ваквите постапки.

2. Дополнително во овој закон со посебен член се третира заштита на регионот кој е заштитен од УНЕСКО кој претставува природно и културно наследство.

3. Целосно ја елиминираме можноста за легализирање на објекти за колективно домување со намена А2. Нешто што во претходниот закон постоеше како можност.

4. На крајот, овој закон денеска се носеше во дебата со опозицијата и јавноста подолг временски период.

Но, овде сме да продолжиме со дебата, Владата и Собранието се форуми каде што низ дебата ќе дојдеме до најдобрите одлуки за граѓаните. Имаме обврска да бараме решенија како социјална држава и да помогнеме на нашите сограѓани, на кои тоа им е најпотребно“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг