Русија донела конечна одлука: Америка и Чешка и официјално се непријателски држави

Точка

14/05/2021

19:07

3.865

Големина на фонт

а а а

Документот кој Путин го донел е со цел да се заштитат интересите и безбедноста на Русија.

Владата на Русија утврдила список на непријателски земји, а на него се нашле Соединетите Американски Држави и Чешка. Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации.

Според документот, дипломатската мисија на Чешка може да вработува најмногу 19 лица од Русија, а Соединетите Американски Држави ниедно лице.


"Да се одобри приложениот список на странски држави кои преземаат непријателски акции против Русија, граѓани на Русија или руски правни лица, против кои се применуваат контра мерки, утврдени со указ на претседателот на Русија од 23-ти април 2021-ва година за примена на контра мерки на непријателски акции од странски држави", се наведува во документот.

Потсетуваме, претседателот на Русија, Владимир Путин, потпишал Указ за примена на контрамерки против држави кои против Русија преземале непријателски постапки.


Документот е донесен со цел заштита на интересите и безбедноста на Русија. Според тој документ, се ограничува склучувањето на работни договори и други слични договори меѓу дипломатските претставништва, конзуларни претставништва, претставништва на државни органи на странски држави кои преземале непријателски акции против Русија и физички лица на територијата на Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг