Пендаровски на средба со Народниот правобранител Насер Зибери

Макфакс

14/05/2021

16:16

883

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Народниот правобранител Насер Зибери.

На средбата Народниот правобранител го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права за 2020 година.

Народниот правобранител информираше дека во текот на 2020 година состојбата со пандемијата на Ковид-19 се одразила и врз работата на институцијата што ја предводи, како во поглед на бројот на примените претставки, така и во однос на сите останати активности, на домашен и на меѓународен план.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше своите заложби за натамошно јакнење на улогата и независноста на Народниот правобранител како орган кој ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните и кој ја следи состојбата на почитување на човековите права и укажува на потребата од нивна заштита.



Спонзорирани линкови

Маркетинг