Крвава и цела со модринки - поранешната членка на „Spice Girls“ испрати порака до сите: „Ова е мојата мисија...“

Точка

14/05/2021

14:19

4.693

Големина на фонт

а а а

Мел Б., поранешна членка на групата „Spice Girls“ глуми во моќниот, емотивен и морничав краток филм кој се занимава со жртвите на семејно насилство.

Пејачката се поврзала со хуманитарната организација „Women's Aid“, па заедно го снимиле филмот „Love Should Not Hurt“.

Мел во филмот прикажува бегство на жена од насилна врска, а инспирирана е од приказните кои ги слушнала додека сама ја водела хуманитарната организација која им помага на жените жртви на насилство.


Тешките сцени на насилство во семејството се прикажуваат од почетокот на 4-минутниот филм, додека пејачката од групата се обидува да побегне од домот, пред нејзиниот партнер да ја повлече и да ја фрли на подот.

Покажувајќи како насилниците можат да го променат своето однесување во јавноста, парот потоа се гледа на забава со пријателите и семејството како сè да е нормално.

Меѓутоа, следната сцена ја прикажува пејачката којашто е тешко претепана пред на крајот да побегне - буквално трча по слобода.


Зборувајќи за овој проект, Мел Б. рекла:

„Толку сум неверојатно горда на тоа што сум дел од овој проект којшто многу ми значи. Изгледа чудно кога ќе кажам дека сум горда што покажувам нешто што е толку брутално и вознемирувачки, но тоа е мојата мисија поради тоа што сакам да ја подигнам свеста кај луѓето за нешто низ што многу од жените поминуваат секојдневно, секоја седмица, секој месец од животот“.


Зборувајќи за своето минато, таа и сама изјавила дека поминувала низ пекол:

„Вака изгледа семејно насилство и злоупотреба под лажните насмевки. Трауматично, грозно и ја уништува душата. И јас еднаш бев дел од нив, бев во врска со насилник. Поради тоа сакам да ја разбијам тишината и стигмата која ја носи оваа тема, мораме да станеме и да направиме нешто“, заклучила актерката.

Погледнете го филмот: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг