Градот кој „пропаѓа“ во земја: Секоја година тоне по 10-на сантиметри, научниците не знаат како да го спасат

Точка

13/05/2021

21:00

6.535

Големина на фонт

а а а

Главниот град на Мексико, Мексико Сити, тоне поради тоа што под него се наоѓа пресушено езеро, тврдат научниците.

„Градот тоне околу десет сантиметри годишно и тешко е да се поверува дека тоа може некогаш да запре на некој начин. Овој феномен го воочија научниците уште на почетокот на минатиот век“, се наведува во заклучокот од студијата објавена во научното списание „JGR Solid Earth“.


Како што тврдат научниците, причината за тоа е подземното езеро коешто останало без вода, па пропаѓањето на градот изграден над неговата површина изгледа неизбежно.

Некои делови веќе пропаднале под површината на пресушеното езеро, а други сè уште стојат на површината.


Меѓутоа, научниците тврдат дека постои поголем ризик од „пукање“ на површината, што може дополнително да ја оштети инфраструктурата и да предизвика контаминации на останатите резерви на вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг