Шекеринска: „Утрово нашиот потполковник пристигна во Скопје, сместен е на Инфективна клиника“

Точка

12/05/2021

09:41

4.484

Големина на фонт

а а а

Заболениот македонски потполковник којшто се врати во Македонија, беше во Централноафриканската Република во улога на обучувач на локалните воени сили заедно со уште еден негов колега, пренесува „Слободен печат“.

Истиот во раните утрински часови пристигна во земјава, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска по тој повод напиша статус на социјалната мрежа Фејсбук.

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

„Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација“.

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен...

Posted by Radmila Sekerinska on Tuesday, May 11, 2021

Како што знаеме, заразениот војник беше транспортиран под посебни услови и протоколи и истиот ќе биде во изолација, додека пак персоналот од Клиниката за инфективни болести добил препораки строго да внимава и да се придржуваат до протоколите за работа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг