Маск „погреба“ уште една криптовалута: Само што проговори - вредноста веднаш се намали

Точка

10/05/2021

11:33

12.330

Големина на фонт

а а а

Вредноста на доџкоинот вчера се намалила за една третина, по коментарот кој што го дал Илон Маск.

До тоа дошло откако милијардерот Илон Маск, еден од неговите најголеми поддржувачи, виртуелната валута ја нарекол „празна приказна“, додека го водел шоуто „Saturday Night Live“.

Набљудувачите на криптовалутите имале големи очекувања од тоа што ќе каже извршниот директор на „Tesla“ и крипто-ентузијастот Маск којшто се нарекол и „Доџфадер“, додека бил домаќин на американската комична емисија, наведува „Guardian“.


Меѓутоа, изјавата на Маск имала спротивен ефект од тоа што инвеститорите го очекувале.

Доџкоинот, криптовалута слична на биткоинот којашто била иницирана „на шега“, во еден момент „паднала“ за 35 отсто и достигнала вредност од 0,47 долари.

До неделата навечер (по британско време) достигнала вредност од 0,49 долари, а тоа било значително под вредноста од 0,68 долари колку што била пред викендот, откако било зголемено и интересирањето на инвеститорите.

Вредноста на дигиталната валута почнала нагло да опаѓа во текот на програмата којашто првпат интернационално била емитувана на Јутјуб.

Во текот на емитувањето Маск гледачите ги запознал и со својата мајка Маја којашто кажала дека е возбудена што од својот син за „Денот на мајката“ добила подарок, па додала: „Само се надевам дека не е доџкоин“.


Во другиот дел од емисијата Маск го прашале што е доџкоин, а тој одговорил:

„Тоа е иднината на валутите. Тоа е незапирливо финансиско средство коешто ќе завладее со светот“.

Кога Мајкл Че го прашал: „Значи, тоа е празна приказна?“, Маск одговорил:

„Да, тоа е празна приказна“, па се насмеал.

Инаку, дури и по падот на вредноста, доџкоинот којшто Маск го опиша како „народна криптовалута“, таа останува четврта најголема дигитална валута според сајтот „CoinMarketCap“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг