Дали сте знаеле дека „Zara“ има тајни симболи на етикетите? Со помош на нив ќе ја пронајдете совршената големина

Точка

06/05/2021

15:19

4.083

Големина на фонт

а а а

Нема да претераме ако кажеме дека понекогаш шопингот знае да биде вистински кошмар. Некогаш пробувате помали броеви кои ви прилегаат одлично, а некогаш треба да купите 3 броја поголеми фармерки и пак да имате проблеми со закопчувањето.

Меѓутоа, изгледа дека еден трик кога станува збор за парчињата на „Zara“ постојано нѝ бил пред очи, а не сме биле свесни за тоа. Ако „Zara“ е вашата омилена шопинг дестинација, внимателно читајте...

Еден корисник на ТикТок со прекар „Officially Outfits“ тврди дека облеката на „Zara“ има таен симбол на етикетата со цена, кој открива дали гардеробата е во согласност со вашата вообичаена големина или сепак треба да посегнете по поголем или помал број. Целата работа е во кројот и нема врска со тоа дали сме ослабнале или можеби „накачиле“ некој килограм повеќе.

„Не сте сигурни која големина треба да ја одберете во „Zara“?“, пишува на почетокот на видеото.

„Малиот квадрат околу дупчето низ кое поминува конецот значи дека големината е исправна. Земете ја својата вообичаена големина. Триаголникот околу дупчето значи дека моделот е со помал крој, па слободно земете поголема величина“, стои во објавата.

Во меѓувреме, уште еден корисник на ТикТок ја поддржал ваквата теорија, велејќи дека член на персоналот на „Zara“ го потврдил ова.

„Госпоѓата која работи на каса ми рече дека сè што има квадрат на етикетата значи дека големината е точна и сè што има триаголник значи дека треба да земете поголем број“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг