Сомнителен пад од 18-ти кат! Првата секретарка на швајцарската Амбасада во Иран пронајдена мртва

Точка

04/05/2021

20:44

2.551

Големина на фонт

а а а

Засега нема никакви информации за околностите на нејзината смрт.

50-годишната прва секретарка на Амбасадата на Швајцарија во Техеран и второрангирана во швајцарската дипломатска мисија во Иран, загинала денеска по пад од 18-тиот кат од зградата во која живеела.

"Станува збор за првата секретарка на швајцарската Амбасада во Иран", потврдил претставник на иранската служба за вонредни ситуации Моџтаб Каледи.

Засега нема никакви информации за околностите на нејзината смрт.

Швајцарија ги застапува американските дипломатски интереси во Иран откако Вашингтон и Техеран ги прекинале врските кратко по Исламската револуција во 1979-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг