Бил и Мелинда Гејтс најавија развод по 27 години брак

Точка

04/05/2021

09:43

2.974

Големина на фонт

а а а

Основачот на "Microsoft" рекол дека тој и неговата сопруга се разведуваат по 27 години брак.

"По долго размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да ставиме крај на нашиот брак", објавил на Твитер Бил Гејтс.

"Повеќе не веруваме дека можеме да растеме заедно во пар во следната фаза од нашите животи", додал тој.

"За 27 години воспитавме три деца и изградивме фондација која на ниво на целиот свет работи да им овозможи здрави и продуктивни животи на луѓето. Продолжуваме да ја делиме довербата во таа мисија и ќе продолжиме заедно да работиме во фондацијата", наведено е во објавата, со молба за "простор и приватност".

Истото соопштение го објавила и Мелида Гејтс на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг