Научникот кој ја поврза АстраЗенека со крвните згручтувања добивал пари од Фајзер и Бајер

Точка

20/04/2021

22:12

2.889

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу крвните згручтувања и вакцината на АстраЗенека, 5 години примал пари од конкурентската компанија Фајзер, пишуваат норвешките медиуми.

Според медиумите, Пал Андре Холме кој се „прослави“ со одлучните тврдења дека вакцината АстраЗенека предизвикува опасни крвни згрутчувања, „заборавил“ во научното истражување кое го потпишува да спомене и дека во последните 5 години добил повеќе од еден милион норвешки круни од компаниите Фајзер и Бајер.

Во насловот на текстот „Норвешките истражувачи кои стојат зад извештајот на АстраЗенека се поврзани со конкурентите“, објавен од страна на норвешкиот портал „Omni“ пред 3 дена, се наведува дека неколку истражувачи кои стојат зад извештајот за несаканите ефекти на АстраЗенека имаат финансиска врска со конкурентските фармацевтски компании.

Групата ја предводел Холме, професор на Универзитетската болница во Осло, кој во изминатите 5 години добивал пари од Фајзер и Бајер кои работат на развој на вакцини, а уште 3 истражувачи исто така имале слична врска.

Сепак, тие негираат дека тоа има некаква врска со извештајот за крвните згручтувања, претставен во списанието „ New England Journal of Medicine“, но истовремено признале и дека требало да бидат потранспарентни во врска со приходите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг