Тасева за „360 степени“: „Владата требаше да го разреши Рашковски, а не да чека да си поднесе оставка“

Точка

16/04/2021

22:59

2.431

Големина на фонт

а а а

Претседателката на „Транспаренси интернешнл Македонија“ и поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, во вечерашната дебата на „360 степени“ дискутирајќи за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, рече дека Владата требало веднаш да го разреши Драги Рашковски од функцијата секретар во кабинетот на премиерот.

„Владата требаше веднаш да го разреши, а не да чека тој да поднесе оставка на еден или два дена пред да се отвори истрага против него“, вели Тасева.

Тасева ги коментираше и изјавите на премиерот Зоран Заев, кој во неколку наврати отворено го поддржа Рашковски велејќи дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци била законска и според процедурите.

„Премиерот сме го виделе неколкупати со такви изјави, но сметам дека треба да се воздржува од такви коментари. Особено кога не учествувал во целост, односно не знаеме што се случувало во позадина. Но, сепак, набавката можеби била спроведена во целост законски, но како дошло до тоа и што се случувало наоколу е друго прашање. Затоа, велам дека секогаш треба да се има воздржаност“.

„Студент од правниот факултет може како вежба да состави кривична пријава за случајот со планот за градба на паркингот кај Холидеј Ин“, оценува претседателка Тасева, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

„Еден студент од Правниот факултет, од ова што го зборуваме, може како вежба да напише кривична пријава за овој случај. Затоа што во најголем дел документите за коишто зборуваме се јавни документи и не само што ќе ја напише, туку и ќе ја документира со докази. Очигледно е дека станува збор за настан којшто влегува во групата на кривично-правни настани за којшто Обвинителството треба да поведе постапка за да се испита законитоста и одговорноста, се разбира, затоа што тука има многу незаконитости“, вели Тасева.