Мицкоски во „Само интервју“: „Ајде сите да се обединиме да направиме фабрика за производство на вакцини во Македонија“

Точка

16/04/2021

20:23

2.172

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Канал 5 упати апел до Владата да се најде начин за вакцина против коронавирус да почне да се произведува во Македонија.

„Силно апалеирам до Владата, до сите умови во фарма науката, дајте сите да се обединиме, нема овде партија, да направиме производствен погон или да најдеме начин како да обезбедиме производство во Македонија за вакцината. Мора да научиме да произведуваме, тоа е иднината. Имаме капацитети и човечки и научни. Само треба логистика. Да ги најдеме најголемите умови, да направиме една фабрика. Тоа е иднината, производството“, порача Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на вчерашната ситуација во Собранието, со спикерот Талат Џафери.

„Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае“, нагласи претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека однесувањето на Талат Џафери не му прилега како претседател на Собрание.

„На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога они ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Талат неместо да вика по пратениците во Парламентот и фрустрациите да покажува, треба да најде решение.

„Никој не му се плаши. Ако мисли дека некој му се плаши, никој не му се плаши. Со дерење таму никој не му се плаши и треба да знае“, рече Мицкоски.

Лидерот порача и дека очекува победа на локалните избори.