И натаму тензично во Собрание! Џафери: „Не водам кладилница, државна институција водам!“

Точка

15/04/2021

22:16

5.223

Големина на фонт

а а а

Во повеќеминутен монолог на мошне висок тон, Џафери ја опоменуваше опозицијата дека одговара пред граѓаните, посочувајќи дека тројца пратеници од мнозинството се позитивни на коронавирус и не може да дојдат да гласаат.

„Констатирам дека во салата има најмалку 61 пратеник и дека може да се гласа“, заклучи вечерва спикерот Талат Џафери откако ја продолжи 32-та собраниска седница, а координаторот Никола Мицевски објави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напуштат салата и дека ќе чекаат пред врата да почне 36-та седница, на чиј дневен ред се законите од петтиот сет антикризни мерки.

„За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. Ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница“, рече Мицевски.

Процедуралните излагања на Мицевски го налутија Џафери, кој ја опоменуваше опозицијата дека одговара пред граѓаните.

„Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во Собранието на два пати. Имаме изолирани пратеници. И 25-ти март досега не одржавте комисија за финансирање и буџет, и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ме тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите. 101 пратеник се потпишани, влезете да се донесат одлуките и работете“, изјави Џафери.

„Јас не сум фејсбук -политичар, па да се раководам од тоа кој што тоа кој што напишал на Фејсбук. Јас се водам по Устав и по процедури. Цел ден ги слушам важите процедурални дискусии. На крајот на краиштата правете што сакате. И нека знае целата јавност дека сте дошле тука, сте се потпишале на евидентниот лист, ќе барате патни трошоци, а ве нема на седница“, зборуваше Џафери, главно обраќајќи му се на Мицевски.