Пред 30 години танцувавме на „Макарена“, но дали всушност знаете за што зборува песната? Одговорот ќе ве изненади

Точка

14/04/2021

18:20

3.579

Големина на фонт

а а а

„Макарена“ е шпанска песна со заразен ритам која беше и сè уште е една од главните песни на секоја забава. Но, дали сте знаеле дека „Макарена“ всушност го изневерува своето момче и тоа со двајца?

Еден корисник на ТикТок ги предизвикал своите следбеници да му откријат песни за кои сметале дека се потполно невини кога ги слушале додека растеле, а подоцна ја дознале неверојатната вистина. Тој во таа прилика открил дека токму песната „Макарена“ го шокирала откако го дознал нејзиното, поприлично „просто“ значење.

Во видеото објаснува дека песната всушност зборува за жена која го изневерува својот партнер откако тој заминува во војска. Макарена е името на жената која се обидува да ги наведе мажите да танцуваат со неа, а ако ѝ се допаѓаат нивните потези, таа тврди дека ќе ги одведе дома по забавата.

Понатаму во песната се открива дека Макарена има момче кое се вика Виторино, кое го изневерува со двајца негови пријатели.

Иако песната е објавена пред речиси 30 години, бројни корисници на ТикТок останале изненадени од нејзиното вистинско значење.

„Како сега да танцувам на „Макарена“ со овие информации?!“, е еден од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг