Зенит со супер партија закажа плејоф битка против Барселона во Евролигата

Дерби

13/04/2021

10:14

800

Големина на фонт

а а а

Руски Зенит е последниот тим кој обезбеди место во плејофот во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа-Евролигата.

Во клучната средба избраниците на Чави Пасквал беа немилосрдни против Панатинаикос кого го совладаа на домашен терен со 112-83, а со тоа ја освоија осмата позиција на табелата што значи пресметка против првопласираната Барселона во првата плејоф рунда.

Дури шест играчи на Зенит беа двоцифрени, најдобар од нив беше плејмејкерот Пангос со 33 поени на кои додаде 11 асистенции. Кај гостите се истакна повремениот српски репрезентативец Недовиќ со 20 кошеви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг