„Само глупав човек може да ја напушти Дајана поради Камила“, зборувал принцот Филип кој сите писма кои ѝ ги испраќал на Лејди Ди ги завршувал со овие зборови...

Точка

13/04/2021

10:07

7.237

Големина на фонт

а а а

Принцот Филип бил многу приврзан со принцезата Дајана, а дописник од дворот Ричард Кеј открил низа детали од тој однос.

Лејди Ди, според зборовите на Кеј, на својата пријателка ѝ раскажала за проблемите кои ги имала во бракот со принцот од Велс, воглавно го раскажала и разговорот со принцот Филип поради тоа што војводата од Единбург целосно ја разбирал, пренесува „Daily Mail“.

Ричард Кеј изјавил дека односот на принцезата и сопругот на кралицата Елизабета Втора бил прекрасен, но не и идиличен поради тоа што принцот Филип понекогаш кога ќе се спомнело името на Дајана побеснувал поради тоа што мислел дека не била дорасната за задачата „на исправен начин да ја извршува својата улога во кралската институција“. Меѓутоа, подоцна бил многу приврзан со својата снаа.


Писмата на принцот Филип

Принцот Филип почнал да ѝ испраќа писма на Дајана во 1992 година кога нејзиниот брак со Чарлс бил загрозен.

„Неговите писма упатени кон Дајана биле исполнети со топлина и љубов, баш како кога еден татко ѝ пишува на својата ќерка“, изјавила пријателката на Лејди Ди.

Дајана секогаш му одговарала на писмата во кои што му ги откривала своите најголеми тајни. Не криела колку е повредена од неверството на својот сопруг.


„Само глупав човек би ја оставил Дајана поради Камила“, заклучил Филип во едно од писмата.

Принцот Филип на посебен начин го завршувал секое од писмата, со зборовите: „Со љубов, Па (тато)“.

Принцезата Дајана почина во 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз. Во таа несреќа настрада и нејзиниот вереник Доди ал Фајед.

Бракот на Дајана и принцот Чарлс траел од 1981 до 1996 година, а тој во 2005 година се венчаше со Камила која што добила титула војвотката од Корнвол. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг