Иако е слична на француската, полската салата сепак малку се разликува - првично поради мирисот на зачин, кој му дава пријатна и топла арома, а многумина кои ја пробале велат дека е повкусна и од руската салата, која им е омилена на Македонците.
Состојки:
- 4 средни компири
- 2 средни моркови
- 4 јајца
- 6 кисели краставички
- 2 помали јаболки
- 2 лажици густ јогурт
- 5 лажици мајонез
- 1 лажица сенф
- зачини
- сол и бибер
Подготовка:
Ставете ги компирите и морковите во тенџере, додадете вода и оставете да зоврие. Варете додека не омекнат, а јајцата сварете ги во друг сад.
Кога ќе се изладат, излупете ги компирите, па исецкајте ги на коцки. Исецкајте ги и морковите, јајцата, киселите краставички и јаболките. Ставете зачини.
Измешајте ги со густ јогурт, мајонез и сенф.
Префрлете ги сите состојки во еден сад, па внимателно мешајте додека преливот и останатите состојки не се соединат. По потреба дополнително зачинете и оставете да се излади.
На здравје!