Млеко од јаткасти плодови за само 30 секунди: Лесно, едноставно, а можат да го користат и вегани

Точка

10/04/2021

18:29

2.988

Големина на фонт

а а а

Постојат многу причини зошто луѓето избираат да консумираат растително пред животинско млеко – некои се интолерантни на лактоза, некои се вегани, а има и луѓе кои едноставно не уживаат во животинското млеко.

Затоа постојат и други видови млеко и тоа растителни опции како бадемово млеко или млеко од индиски ореви кои всушност многу лесно се прават.

Многу рецепти бараат претходно потопување на јаткастите плодови во вода и прецедување, но готвачката Бетани Угарте објавила трик на својот ТикТок профил кој бара помалку труд – млеко кое можете да го направите за буквално 30 секунди.

Потребни ви се 2 лажички путер од јаткасти плодови по ваш избор, 1,5 шолја филтрирана вода и блендер. Ставете ги состојките во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Вака подготвеното млеко се чува во фрижидер, а може да стои до 4 дена.

По потреба можете да додадете и некој природен засладувач како урми без семки, јаворов сируп, малку мед, екстракт од ванила, со тоа што во тој случај е добро и да додадете прстофат сол кој ќе го подобри вкусот на млекото.

Вака подготвениот напиток можете да го додавате во кафето, да го консумирате за појадок со житарици или да го употребувате во било кој рецепт во кој инаку се користи млеко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг