Германски експерти: Нема ризик ако втората доза на вакцина е од друг производител

Макфакс

07/04/2021

20:07

472

Големина на фонт

а а а

Германскиот советодавен одбор не гледа никакви ризици доколку на млади луѓе, кои ја примија првата доза на вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19, да им се даде втора доза од алтернативен производител, соопштија денес двајца нејзини членови.

„Од имунолошка перспектива, никој не очекува дека ќе биде полошо доколку следната доза на вакцина е од друг производител“, рече Маријана Ребле-Метју, член на постојаниот комитет за вакцинација.

„Ако втората доза се покаже како неефикасна, третата доза може да биде ефективна“, рече Ребле Метју.

Нејзиниот колега Кристијан Богдан, рече дека не видел доказ што ги поврзува другите вакцини со ретки нарушувања на коагулацијата на крвта.

Германскиот комитет минатата недела препорача луѓето под 60-годишна возраст, кои примиле една доза на вакцината на „Астра зенека“, да добијат друга доза од друга вакцина, по извештаите за ретки несакани ефекти на згрутчување на крвта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг