Откриено е кој ја организирал фотосесијата во Дубаи: Опкружен со голи девојки свири на пијано...

Точка

07/04/2021

17:41

8.127

Големина на фонт

а а а

Откриено е кој е човекот кој стои зад скандалозната фотосесија на еден балон во Дубаи, на кое учествуваа 20-тина голи девојки.

Иако претходно се споменуваше името на Русинот Алексеј Концов, се чини дека сепак станува збор за украинскиот плејбој Виталиј Гречин кој може да се види како свири на пијано опркужен со голи девојки во апартманот во Дубаи.

Според достапните информации, овој самопрогласен американски политички стратег е по потекло од Киев, но најголемиот дел од својот живот го поминал во Соединетите Американски Држави.


Во едно интервју тој откри дека имал доста близок однос со поранешниот американски претседател Барак Обама, па дури и помагал во финансирањето на предизборната кампања на демократите.


Поради организирањето на „голата фотосесија“ во Дубаи, сега му се заканува во најмала рака прогон од Обединетите Арапски Емирати затоа што ги прекрши законите за забрана на непристојност и порнографија.


Девојките кои што учествувале во фотосесијата и снимањето биле од источноевропските земји, во најголем дел од Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг