Врската меѓу крвната група на човекот и ковид-19: Пресврт во истражувањата, научниците дојдоа до нов заклучок

Точка

06/04/2021

22:29

10.512

Големина на фонт

а а а

Студијата опфатила околу 108.000 луѓе кои што биле подложни на тестирање на коронавирусот.

По избивањето на пандемијата на коронавирусот, многу од научниците се обидоа да проучат дали постои група луѓе кои што имаат поголема веројатност да заболат од ковид-19.

Во една од студиите откриено било дека луѓето со крвна група А се во поголем ризик да се заразат со коронавирусот, пренесува „Србија Данас“.

Но, новото американско истражување, најголемо од тој вид до денес, донело заклучок дека нема доволно докази кои што укажуваат на тоа дека крвната група влијае на ризикот од сериозно заболување од ковид-19 или пак на можност од зараза со коронавирусот во ран стадиум.


Студијата опфатила околу 108.000 луѓе кои што биле подложни на тестирање на коронавирусот или пак поради него биле хоспитализирани во три американски држави.

Резултатите од оваа студија, објавени во американското медицинско списание „JAMA Network Open“, покажале дека не е пронајдена ниту една значајна корелација меѓу крвната група и коронавирусот, тежината на симптомите на самата болест и веројатноста од хоспитализација поради ковид-19.

Водечкиот автор на студијата, д-р Џефри Андерсон, вели дека истражувачите не пронашле корелација меѓу крвната група и веројатноста од инфекција со коронавирусот, односно со тежината на самата клиничка слика која ја предизвикува вирусот.

„Сметаме дека значајната врска меѓу вирусот ковид-19 од една страна и крвната група од друга страна е малку веројатна“, наведуваат истражувачите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг