Собранието изгласа – пописот се одложува за септември, а локалните избори за октомври

Точка

02/04/2021

21:05

2.264

Големина на фонт

а а а

По дводневна дебата, собранието на Република Македонија го усвои законот за одложување на пописот поради пандемијата на коронавирусот.

Собранието вечерва ги донесе предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, и тоа по скратена постапка и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори што се одложуваат за втората половина на месец октомври, пренесува „Телма“.

Пописот успешно беше одложен со 95 гласа „за“ и 12 гласа „против“, воздржани нема.

Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за“, 12 (колку што брои коалицијата Алијанса/Алтернатива во парламентот) против, воздржани немаше.

Исто така со 95 гласа „за“ беа донесени измените на Изборниот законик, кои беа поднесени од сите пратенички групи и за кои немаше расправа. 

Законите ќе стапат во сила откако ќе ги потпише претседателот Стево Пендаровски и ќе бидат објавени во „Службен весник“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг