Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле 200 амандмани на Законот за попис

Нетпрес

01/04/2021

21:06

1.683

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието Талат Џафери, попладнево ја прекина 38-седница на чиј дневен ред се само две точки – измените на Законот за попис и на Изборниот законик, и најави дека продолжението ќе биде закажано кога ќе заврши расправата во комисиите.

Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле 200 амандмани на предлог- законот за изменување на Законот за попис, изјави за ТВ 21 пратеникот од Алијанса Елми Азири.

За Законот за попис се доставени 200 амандмани, за Изборниот законик ниеден, бидејќи за тој се договорија сите партии, вели Азири.

Комисиската расправа за измените на Законот за попис може да трае максимум два дена.

Двата предлог – закони се наоѓаат на комисиска расправа, откако денеска на седница со мнозинство гласови беше изгласана потребата од нивно донесување – за да се обезбеди одложување на пописот за септември, да се уреди постапката за скенерите за отпечатоци од прст и се предвидува одложување на локалните избори за втората половина на октомври, за кампањата да почне откако ќе заврши пописот во септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг