Доколку вашата кожа постојано се перута, за тоа постои сериозна причина - ваквата појава може да биде последица на хроничен недостаток на витаминот Ф.
Витаминот Ф е важен за метаболизмот, спречува таложење на холестеролот во артериите и го зајакнува имунолошкиот систем.
Помага и во намалување на телесната маса така што ги согорува заситените масти. Кај заболените од дијабетес, овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем и спречува појава на очни болести. Ги ублажува менструалните болки, а се применува и во терапија на стерилитет кај двата пола, особено кај мажите.
Недостатокот на витамин Ф се одразува различно кај децата и возрасните. Најмладите постојано чувствуваат жед, имаат хронични инфекции, синузитис, чести кивавици, алергии на кожата, егзема или пролеми со дишните патишта, дури и астма. Кај возрасните првиот симптом е многу сува кожа, најпрвин на стапалата, потоа на нозете и на крајот по целото тело.
Исто така, недостатокот на витамин Ф може да предизвика развој на атеросклероза и артериосклероза, тромбоза, а може да доведе и до појава на замастен црн дроб, констипација или дијареа и намалување на отпорноста на организмот на вируси и бактерии.
Јадете семки
За да ги задоволите дневните потреби за овој витамин, во вашата исхрана внесете ладно цедено сончогледово масло (две и пол лажички) кое е исклучително богато со оваа важна состојка.
Истиот ефект можете да го постигнете и со консумирање на 6 лажички семки од сончоглед. Со витамин Ф се богати и сусамот, кикириките, ленот и макот. Најдобро се апсорбира во комбинација со витамин Е.