Елена Ристеска со новите заводливи фотографии ги воодушеви фановите, но еден коментар привлече големо внимание...

Точка

30/03/2021

21:56

7.968

Големина на фонт

а а а

Македонската пејачка и претприемачка, Елена Ристеска, денеска на своите профили на социјалните мрежи објави фотографии кои предизвикаа внимание кај нејзините следбеници.

Ристеска важи за една од најубавите жени во Македонија, а доказ за тоа е и последната нејзина објава, во која - на минималистички и сексапилен начин ја истакнува својата убавина.

Со оваа објава Елена ги промовираше новите производи од нејзината козметичка линија „ЕРА“ - геловите за туширање.

Сепак, и покрај неодоливите фотографии и убавата вест која што сакаше да ја сподели со нив, она што предизвика големо внимание е еден коментар под објавата.

Posted by Elena Risteska on Вторник, 30 март 2021

Имено, извесен Краси Панчев, напиша:

„Само една Бугарка може да биде толку убава“, на што Елена не остана рамнодушна.

„Краси Панчев, мислиш, МАКЕДОНКА!!! Чиста“, му одговори Елена.

КОНЕЧНО ЕРА ГЕЛОВИТЕ ЗА ТУШИРАЊЕ ВО ПРОДАЖБА!!!

  На официјалната страница на ЕРА КОЗМЕТИКА www.era-cosmetics.com од...

Posted by Elena Risteska on Вторник, 30 март 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг