Претседателот Пендаровски: Благодарност до Србите, но тоа е срам за Македонија!

Точка

30/03/2021

17:04

2.304

Големина на фонт

а а а

Претседателот на државата, Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност упати благодарност до српските власти за вакцинирањето на македонските граѓани во текот на минатиот викенд и истовремено порача дека тоа било срам за Македонија.

Според Пендаровски, државата мора на нашите граѓани да им пружи здравствена заштита и порача дека „такви слики не смеат да се повторат“.

Пендаровски меѓу другото порача дека процесот на имунизација во државава мора да се спроведе во најдобар ред и да трае без прекини се додека не бидат вакцинирани сите граѓани во Македонија.

„Точно е дека се потпиравме на „КОВАКС“ кој доцнеше 2 месеци, дека верувавме на солидарните фондови на Европската унија. Точно дека најбогатите 5 членки немаат вакцинирано ниту 5% од населението. Но, тоа нашите граѓани не ги интересира“, порача Пендаровски.

„Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен во болница. Министерот Филипче ме увери дека такво нешто не се случило, ниту ќе се случи“, истакна Пендаровски.

Претседателот на државата меѓу другото се осврна и на приватните клини во државава кои ги повика „да се откажат од профитот и да ги направат своите услуги достапни за заразените граѓани“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг