Чудо на природата: Некогашната советска депонија на празни шишиња вотка сега е една од најшарените плажи во светот

Точка

30/03/2021

16:42

5.489

Големина на фонт

а а а

Додека служела како депонија, плажата била опасна поради острите парчиња скршено стакло и никој не можел да ја посети.

Ова е плажата која наликува на калеидоскоп, иако изгледа како да не настанала по природен пат, сепак вистината е поразлична. Руската Стаклена плажа во близина на Владивосток настанала така што „морето“ од шишиња под влијание на океанот еродирало во текот на годините и стаклото го претворило во камења со прекрасна боја.


На оваа плажа за време на советското владеење се фрлале стари шишиња од вотка, вино и пиво, но изработени од порцелан, пренесува „Siberian Times“.

Брановите кои што удирале на нејзината површина го обликувале стаклото во прекрасни камчиња, па оваа депонија ја претвориле во прекрасно место.


Инаку, додека местото служело како депонија, плажата била многу опасна поради острите парчиња скршени стакла и никој не можел да ја посети.

Сега плажата е под заштита и исклучително е популарна, па налето луѓето одат токму таму за да уживаат во нејзините благодети.