Доктор Дејан Докиќ: Носете две маски или КН95 маска

Точка

29/03/2021

14:35

3.625

Големина на фонт

а а а

На прашањето какви маски е најдобро да се носат поради побрзото ширење на британскиот сој, д-р Докиќ кажа дека најдобро е евентуално носење на две хируршки маски или пак една КН95 маска.

"Овој сој се шири полесно бидејќи има мутација на спајк протеинот, со кој вирусот навлегува во клетката домаќин. Ова настанува кај неколку соеви, меѓутоа пациентите поради таа мутација може полесно да заболат од овој вирус, па заштита можеби треба да се зголеми за еден чекор повеќе. Секако тука се средствата за дезинфекција, дистанцата и евентуално носење две хируршки маски или една КН95. Подобро е да бидете посериозни во претпазливоста, а не да ги занемарувате мерките за заштита“, кажа Докиќ.

Докиќ зборуваше и вакцините и ги увери граѓаните да не се плашат, бидејќи секоја вакцина пред регистрацијата дава сериозни докази дека е безбедна.

"Секоја вакцина има несакани ефекти, но пред да се регистрира мора да се дадат сериозни докази дека делува и дека е безбедна. Ревизијата за безбедност покажа дека вакцините се безбедни. Може да се каже дека има нус појави но тоа се благи симптоми како болки во телото, малаксаност, болки во раката", вели д-р Докиќ.

Докиќ кажа и дека различни земји имаат различни искуства со лекот ивермектин.

"Имаат студии каде што тој имал позитивен ефект, но имаат студии и каде што немало адекватен ефект. Секаде имало некаков ефект. Во истатата таа изјава на ЕМА, Чешка како западно-европска земја членка на ЕУ и Словачка го регистрирале ивермектинот како лек против Ковид-19. Искуството на секоја земја е различно", рече д-р Докиќ.