Во овој рај на Малта снимени се популарни филмови – како „Троја“: Таму нема асфалтирани патишта, а природата е неверојатна

Точка

26/03/2021

12:45

4.715

Големина на фонт

а а а

Тоа што посебно ги воодушевува посетителите на островот е заливот со кристално чисто сината вода, која што го носи симболичното име Сина лагуна.

Островот Комино кој што по површина е голем 3,5 km² во Малтешкиот архипелаг е трет по големина.

Таму во текот на сезоната има голем број туристи. Поради карактеристиките на релјефот, поради големото присуство на карпи со места погодни за криење, овој остров во минатото го користеле гусари.


Во текот на подоцнежниот период на островот Комино постоел и затвор наменет за витезите.

Сите затвореници кои што биле осудени на помали кривични дела зеле учество во градење на тврдината.

Местото на кое што е снимен филмот „Троја“

Островот Комино не го посетуваат само туристи туку и многу жители од Малта. На него постојат и одлични локации за кампување.

Освен тоа островот е заштитен резерват на природата и дом на многу птици.


На него се снимени и сцени од филмот „Троја“, но и од „Грофот Монте Кристо“.

Тоа што особено ги воодушевува посетителите е тоа што заливот е со кристално чиста сина вода која што го носи името Сина лагуна.

На островот Комино не постојат асфалтирани патишта, а автомобилите ретко можат да се видат. Островот е идеален за љубителите на пешачењето и дивината.

Таму постои и еден хотел кој што има две приватни плажи само за неговите гости.