Васил Гарванлиев оди на Евровизија: „Ми ја загорчија радоста, но честа во ниеден случај“

Точка

24/03/2021

12:48

4.932

Големина на фонт

а а а

Пејачот Васил Гарванлиев останува македонски претставник на овогодишното издание на Евровизија, одлучи комисијата на МРТ, и покрај острите реакции во јавноста и петициите за повлекување на неговиот настап.

„Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет. Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи,“ објаснуваат од МРТ.

Непосредно пред комисијата да одлучи, Гарванлиев за „Независен“ зборувал за целата ситуација и како тој гледа на работите.

На прашањето дали очекувал ваква реакција за спотот и песната и дали целиот сплет на околности му ги загорчиле честа и радоста да учествува на Евровизија, тој вели дека вистината допрва ќе си го пронајде патот.

„Радоста да, но честа во ниеден случај. Во целиот сплет на околности вистината ќе си го најде допрва патот. Јас ќе останам фокусиран на проектот и одговорноста за да се претставиме во најдобро светло“, вели Васил.

На прашањето што најмногу го погодило во реакциите на јавноста, пејачот одговорил со „пласирањето невистини и клевети и изнесувањето на информации и заклучоци без никави аргументи и факти“.

Во интервјуто тој зборувал и за процесот на подготовка за настапот во Ротердам, како и за тоа кои се неговите понатамошни планови, без разлика на исходот.

Целосното интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг