Нови 1.299 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 24 лица

Макфакс

20/03/2021

17:01

3.831

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.299 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеле 413 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 672, Прилеп – 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 .

Регистрирани се 413 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа: седум пациенти од Скопје, од Кавадарци – пет, од Прилеп – четири, од Гевгелија – двајца, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.



Спонзорирани линкови

Маркетинг