Дојде пресудата за "АстраЗенека": Европската агенција за лекови вели дека е безбедна за употреба

Точка

18/03/2021

18:53

3.299

Големина на фонт

а а а

Вакцината на Оксфорд и "АстраЗенека" е сигурна за употреба, соопштила во четвртокот Европската агенција за лекови откако бројни држави, вклучувајќи ги Германија, Франција и Италија, ја суспендирале поради загриженоста поради крвните згрутчувања кај некои приматели.

Наодот доаѓа само два дена откако регулаторот во вторникот рекол дека прегледал нови информации и открил дека "нема индикации" дека постои било каква врска меѓу вакцината "АстраЗенека" и згрутчувањето на крвта. Додал дека од вакцината има повеќе корист отколку ризик.


Долго очекуваната одлука дошла во време кога во Европската унија има недостиг од вакцини и кога Унијата е во судир со САД и Британија поради ракувањето со испораката на вакцините.


АстраЗенека во неделата рекла дека прегледот на податоците за безбедноста на повеќе од 17 милиони луѓе на кои им е дадена вакцината не покажал докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг