Италија: Разнишана доверба во вакцинацијата поради „АстраЗенека“

Макфакс

17/03/2021

14:46

650

Големина на фонт

а а а

Италијанските власти, научници и експерти се обидуваат да ја поправат недовербата во вакцинацијата против Ковид-19, предизвикана од сомнежите дека вакцината на „АстраЗенека“ има врска со смртни случаи забележани веднаш по имунизацијата, пишува весникот „Фанпејџ“.

Познатиот експерт за испитување на јавното мислење, Ренато Менхајмен, проценува дека проблемите и збунувачките официјални соопштенија во врска со вакцината на „АстраЗенека“ ја зголемиле недовербата кај најмалку 30-40 проценти од постарата популација.

Премиерот Марио Драги рече дека нема „план Б“ и дека вакцинацијата е единствениот вистински лек за коронавирусот, а извори блиски до владата, цитирани од агенцијата „Анса“, тврдат дека никој не ни размислувал во насока на тоа употребата на шведско- англиската вакцина целосно да се запре или забрани.

Напротив, министерот за здравство Роберто Сперанца подвлече дека владата има максимална доверба во вакцината на „АстраЗенека“ и дека употребата на тој лек ќе продолжи веднаш откако Европската агенција за лекови (ЕМА), ќе ги објави резултатите од новите тестови.

Властите се обидуваат да утврдат како да се компензираат 200.000 вакцинации што се закажани и одложени додека не продолжи вакцинацијата со „АстраЗенека“.

Италијанската агенција за лекови (АИФА) во четвртокот забрани употреба на една серија на вакцини од „Астразенека“ на национално ниво.

АИФА соопшти дека забраната се однесува на серијата ABV2856, додавајќи дека може да разгледа дополнителни мерки, доколку е потребно, во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА).



Спонзорирани линкови

Маркетинг