Дигиталната уметност сè повеќе се цени на аукциите: Делото на Мајк Винкелман продадено за неверојатни 69,3 милиони долари

Точка

12/03/2021

12:57

2.604

Големина на фонт

а а а

Дигиталното дело на американскиот уметник Мајк Винкелман, аукциската куќа "Кристис" го продала за 69,3 милиони долари, што е рекорд кој сведочи за револуцијата која се случува на тој пазар долго ограничен на мал број на луѓе.

"Секојдневие: Првите 5.000 денови", комплет цртежи и анимации создавани 5.000 денови по ред, го вбројува Мајк Винкелман меѓу тројцата светски уметници чии уметнички дела постигнуваат највисока цена за време на нивниот животен век, независно од типот на уметноста.

Овој уметник бил познат по своите дигитални проекти, но до крајот на септември 2020-та година не продал ниедно дело под своето име.

Аукцијата одржана во четвртокот сведочи за подемот на новата технологија на автентикација која применува "blockchain" кој се користи за криптовалути, а се претставува како чудесно решение за копирање, една од "кочниците" на развојот на дигиталната уметност.

Работата на Винкелман ќе се продава како "NFT", незаменлив токен. Станува збор за нов, но огромен пазар, за што сведочи податокот дека во последните три години на „NFT“ се потрошени 174 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг