Филипче: Нема лекарска грешка во работата на д-р Асани кој остави родилка без матка, бубрег и јајник

Точка

09/03/2021

22:42

10.029

Големина на фонт

а а а

Во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“, министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека немало пропуст во лекарската интервенција на струшкиот доктор Мухамед Асани.

Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница покажал дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Јилдз Веапоска ѝ биле отстранети матката, бубрегот и јајникот, пренесува „Слободен печат“.

„Пристигна извештајот од лекарската комора, каде се вели дека стручниот надзор не наишол на пропуст“, рече Филипче.

По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ ОБ Струга, кои учествувале во третамнот на лекување на пациентката Ј.В., Комисијата констатира дека:

- Пациентката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за елективно завршување на бременоста.

- Не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката.

- Лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пацинетката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пацинетката во услови на живото-загрозувачка состојба.

Тој додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која ДЗСИ одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.

Целосното интервју можете да го погледнете во продолжение (2:23:40):



Спонзорирани линкови

Маркетинг